Град, грмежи и поројни дождови

Од:

Град со големина и до 2,5 сантиметри, грмежи и пороен дожд, грмежи, ги зафати северните и западните делови на земјава, кои биле зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса од југ, сопшти Управата за хидрометеоролошки работи

– Поинтензивни процеси имаше во Гостиварско, каде беше регистрирана појава на град со големина од половина до 2,5 сантиметри, како и во Кичевско и Велешко. Доцна попладне град со различна големина имаше и во Скопското подрачје, во Петровец и Драчево – соопшти УХМР.

Градоносните облаци, континуирано беа следени од радарските центри Тополчани и Ѓуриште при УХМР, меѓутоа овие појави се случија во небранета територија.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд