Грабнато девојче од пред училиште во Куманово за време на големиот одмор

Од:

На 21 септември било грабнато малолетно девојче, ученичка во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово за време на големиот одмор.

Девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое што излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште на возилото.

Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во бесознание, додека Р.З. го возел возилото.

По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе