(ВИДЕО) Грабар-Китаровиќ: Застојот во проширувањето им помогна на одредени луѓе да ги држат балканските земји надвор од ЕУ

Од:

Неколкуте години застој во проширувањето на Европската унија создаде опасен вакуум на луѓе чии интереси е да ги задржат земјите надвор од ЕУ. Но сега, конечно можеме да ги видиме позитивните поместувања и фокусот на Европската унија и Европскиот совет на подрачјето на југоисточна Европа, рече хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на денешната прес конференција во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

-Секоја држава на евроатлантскиот пат се соочува со различни предизвици, секоја држава е на различен степен кога станува збор за напредокот. Во име на Хрватска сакам да ја поздравам одлуката со која се препорачува отпочнувањето на преговори за влезот на Македонија и Албанија во ЕУ. Хрватска ќе направи се за да се забрза овој процес, рече Китаровиќ.

Таа истакна дека Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување велејќи дека за напредокот на процесот најважни се факторите владеење на правото, справување со организираниот криминал, корупцијата, безбедноста, демократските институиции, реформата на јавната администрација како и јакнењето на меѓусосетските односи.

-Го поздравуваме напредокот кој сите држави го направија во изминатиот период, повикуваме и охрабруваме да продолжат со реформите затоа што тие се најважни. Пораката која ја носиме е дека ако постојано живеете во минатото неможете да живеете во иднината, главната вредност на овој процес е иднината на државите од Западниот Балкан, рече Китаровиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Скопје

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Бугарија поставува невозможни услови, навлегува во интимниот простор на Македонците

Жарко Настоски

Лидерите од Западен Балкан со заедничка декларација: Итно да почнат преговори со Скопје и Тирана

Жарко Настоски

Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ

Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа

Пендаровски со Пахор и Милановиќ: Македонија е подготвена за преговори со ЕУ