Сообраќајот на граничните премини Меџитлија/Ники и Дојран/Дојрани денеска ќе биде во прекин неколку часа поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.
Ова е втора блокада на прекуграничниот сообраќај што ја прават грчките земјоделци во изминатите неколку дена. На 26 јануари тие со трактори и друга земјоделска механизација, покрај Маџитлија/Ники, целосно го блокираа и граничниот премин Богородица/Евзони.