Готовите лични карти и возачки дозволи од понеделник на домашна адреса ќе ги доставуваат полицајци

Од:

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и возачки дозволи се веќе изработени нема да имаат обврска сами да си ги земат туку документите на домашна адреса ќе им ги достават полицајци.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев извести дека подготвиле измена на правилникот за работа на службите.

„ Во понеделник ќе го смениме правилникот на Министерството за внатрешни работи со што ќе се остави можност личните карти и возачките дозволи да може да се доставуваат од страна на полициски службеници на домашните адреси. За патните исправи не постои техничка можност за достава на домашна адреса бидејќи тие мора да се земаат повторно со отпечаток од прст“, најави министерот Чулев.

Службата за Управни работи во МВР има конкретни упатства за дезинфекција на уредите каде што граѓаните оставаат отпечатоци по секоја употреба, а вработените треба да се придржуваат и до посебни правила за одржување соодветно растојание при извршување на техничките процедури и сликање на граѓаните кои поднесуваат барања за издавање документи.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи