Гостиварското обвинителство побара парични казни за 15 лица

Од:

Полицискиот час во Гостивар изминатото деноноќие не го почитувале 15 лица за кои гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози од по 100 дневни глоби за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија за време на викендот, тие се движеле пеш или со возила низ градот.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари