Гостиварските средношколци следат едукативни предавања за безбедност во сообраќајот

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, пред учиниците од прва година од гостиварското Средно медицинско училиште, денеска ги презентираа планираните превентивно-едукативни активности од двата нови проекти „Безбедно управување со мопед“ и „Не седнувај зад волан без положен возачки испит“.

– Стручно обучените полициски службеници ги запознаа најмладите средношколци што се треба да поседуваат кога управуваат мопед и какви се законските санкции доколку не ги почитуваат правилата и прописите кои се однесуваат на оваа категорија учесници во сообраќајот. Тоа е пред се за нивна лична и безбедност на другите учесници во сообраќајот, рече Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски дополни дека покрај оваа тема, учениците, беа информирани и за управувањето возило без положен возачки испит, каков и колкав е ризикот и законските импликации, доколку возат на „диво“, односно без да поседуваат валидна дозвола и како треба да постапуваат возачите-почетници

Целта на предавањата и проектите во кои се вклучени и другите средни училишта е подигнување на сообраќајната свест и култура и подобрување на вкупната безбедност на патиштата и улиците во Полог.

Иницијатор и носител на овие проекти е Отсекот за превенција, во соработка со гостиварската и тетовската локална самоуправа и со нив вкупно ќе бидат опфатени над 3.400 првокласници од Полошкиот регион.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски