Гостиварските општински училишта, подготвени за второто полугодие

Од:

Сите општински основни и средни училишта, почетокот на второто полугодие го чекаат подготвени. Во сите училиште направено е генерално чистење, а во некои училишта извршени се и неопходни интервенции.

„Училиштата се исчистени и интервенирано е зависно од потребите, а исто така снабдени се и со гориво. Значи можеме да кажеме дека подготвено го очекуваме почетокот на второто полугодие. Од друга страна, направен е изборот на наставници според објавените конкурси, при што сме се обиделе да задржиме континуитет на наставниот кадар и да го деполитизираме образованието до што повисок степен. Изборот на кадри го направија самите колективи и училишните одбори, а ние како општина се залагавме да помогнеме во тој процес. Евидентно е дека има и некои пропусти, но се надеваме дека тие ќе бидат што помалубројни во иднина”, вели раководителката на Скетрот за образование при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.

Инаку, денеска се одржа средба со директорите и помдиректорите на општинските основни и средни училишта, при што ги добија неопходните упатства за работа и ги изложија потребите за што подобар напредок во образовниот процес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

(ВИДЕО) Водата во Гостивар не е безбедна за пиење

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он