Гостиварец дивеел со изнајмена Шкода, за малку ќе прегазел полицаец кој му наредил да запре

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, односно за предизвикување општа опасност.

„На 16 мај, обвинетиот 33-годишник од село Беловиште, управувал рент-а-кар возило Шкода рапид со скопски регистарски ознаки. Во близина на една бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената. Тоа го забележал полициски службеник кој преземал службени дејствија за контрола на брзината во сообраќајот – радар, па на возачот му сигнализирал да запре. Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар“, велат од Обвинителството.

„По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили. Кога оштетениот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот. Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството