Гостивар на врвот од дневната „ковид статистика“, 22 новоинфицирани

Од:

Гостивар и околината го презедоа приматот во однос на другите градови по бројот на новозаразени со корона вирусот. Во моментов активни се речиси 300 слуачи. Здравствените власти соопштија дека во гостиварските три општини во последниво деноноќие се откриени 22 нови случаи на Ковид 19.

Еден од заклучоците на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше на последниот состанок дека вирусот се шири меѓу граѓаните забрзано се покажа со денешните бројки. Па така, за речиси една недела (од 28 јули) во гостиварско регистрирани се нови сто случаи.

Во гостиварскиот регион изминативе денови во извештајите имаше двоцифрени бројки на нови активни случаи. Денеска е на врвот и има повеќе од скопскиот и штипскиот што го потврдува и статистиката на Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата во трите општини (Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше) како позитивни на Ковид 19 се регистрирани 487 граѓани. Од нив како активни се водат 291, од кои две третини се на територијата на општина Гостивар. Досега како последица од Ковид-19 починале 24 лица,.

Од кризниот штаб на последниот состанок, забрзаното ширење на вирусот го оценија како сериозно, а тоа се должи на неодговрноста на граѓаните што не ги почитуваат мерките. Заради зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион и заштита од корона вирусот, беше најавено и вонредна дезинфекција на јавните површини.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски