А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Гордон: Решение на спорот за името неопходно за членство во НАТО

by А1он13/11/2012 - 17:47140
Share0

Јасно е дека има аналогии меѓу состојбата со ЕУ и НАТО, но останува фактот дека за членство во НАТО е потребна едногласна согласност на сите земји-членки, изјави американскиот помошник државен секретар за европски прашања Филип Гордон, на прашањето дали може најавите за преговори со ЕУ и без да се реши спорот да се пресликаат и во интеграциите во НАТО.

Добивај вести на вибер

– Има одредени аналогии меѓу ЕУ и НАТО. Можам да кажам дека во НАТО жалиме што Македонија се уште не е членка, таа ги исполни условите и нејзиното членство ќе биде фактор за стабилност.Членството во НАТО има поддршка од сите енички групи. Но, не можеме да го смениме фактот дека НАТО работи со консензус и проширување мора да има само ако сите членки се согласни. Ние продолжуваме да велиме дека членство на Македонија во НАТО ќе биде позитивно и ќе правиме се што можеме да дојде до взаемно прифатливо решение за спорот, изјави Гордон.

Американскиот помошник државен секретар за европски прашања ја повтори можноста следниот самит на НАТО да биде самит на проширување, со прием на нови членки, од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија, како што најави државниот секретар Хилари Клинтон на самитот на НАТО во Чикаго. Сепак, Гордон потсети дека за тоа мора да се исполнат условите.

– Самитот се уште не е закажан, но секако, ако членките се подготвени за проширување и земјите кандидатки се подготвени. Земјите кои се подготвени за членство не би требало да чекаат. Сите критериуми мора да се исполнат, а еден од тие услови е консензусот на членките. Вратата е отворена, а земјите знаат што треба да сторат, изјави Гордон.

Помошникот државен секретар Гордон го повтори американскиот став и за пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг.

– Ја нотиравме пресудата на Меѓународниот суд на правдата, добро сме запознати со неа. Суштината на пресудата е дека ставот на Грција е спротивен на Времената спогодба. Но, и во тој случај НАТО може да се прошири само кога има консензус на членките. Затоа апсолутно е потребно да има договор на двете страни, изјави Гордон.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен