Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци до Собранието. Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности“, се вели во оставката на Трајковски.

Тој во барањето посочува и дека неговата работа во Дирекцијата била предмет на редовните годишни извештаи до Собранието, каде низ комисиските и пленарни дискусии била поздравена работата на ДЗЛП. Траковски го повика Собранието што поскоро да го донесе новиот Закон за заштита на личните податоци кој е целосно усогласен со новата општа регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ. Трајковски беше назначен за директор на ДЗЛП во 2016 година, а претходно скоро десет години се наоѓаше на директорската функција во Управата за јавните приходи.

Би можело да ве интересира

Трајковски: Секој кој применува нечесни трговски практики, ќе биде санкциониран

Пазарен инспекторат: Граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат казнети оние што не ја почитуваат гарантираната цена

Орце Костов

Трајковски: Затворени 10 маркети, нерегистрираните трговци да се регистрираат најдоцна до 15 октомври

Трајковски: Пломба за сите трговци кои ги доведуваат потрошувачите во заблуда

А1он

Трајковски: Ќе кажам кои фирми ги прекршуваат владини одлуки кога ќе завршат постапките

Трајковски: Повеќе од 160 инспектори на терен, цените се намалени

Горан Наумовски