(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Од:

„Последните четири години, Кисела Вода не виде развој, не виде перспектива. Видовме само илузии, празни ветувања и 3Д спотови без ниту една закована шајка“, порача кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, од трибината во Кисела Вода.

Трајковски ја опиша реалноста во општината како резултат на тотална неспособност на актуелното раководство.

„Орце Ѓорѓиевски не беше градоначалник. Тој беше администратор на лаги. Ветуваше технолошки зони во Драчево и Чупријан, а не донесе ниту еден инвеститор. Ветуваше модерна инфраструктура, а улиците денес се распаѓаат. Ветуваше трим патеки, монтажни гаражи, мото-крос патеки, нова поликлиника, базен и рекреативен центар, а не направи буквално ништо. Наместо чиста, еколошка општина, остави запуштени плоштади и депонии. И сега истиот човек бара поддршка да го води Скопје! Тоа не е визија. Тоа е навреда на секој граѓанин што чекаше четири години, а не доби ништо“, порача Трајковски од трибината во Кисела Вода.

Трајковски ја претстави својата програма пред граѓаните, фокусирана на праведна распределба на општинските ресурси, фер можности за сите и човечен, хуман пристап во секоја сфера од живеењето.

„Приоритет ми е Кисела Вода за сите. Во оваа програма, во фокусот се младите и децата, каде ќе обезбедиме бесплатна партиципација за сите деца во градинките, 70% субвенциониран оброк за сите ученици, реновирање на сите градинки и училишта.“, нагласи Трајковски.

Кандидатот на СДСМ најави и праведен и хуман урбанизам, достапна инфраструктура во сите населби и маала, без разлика дали се работи за Пинтија, Драчево или Усје.

„Ќе има канализација, водовод и осветлување во секое маало. Парковите ќе ги обновиме, запуштените скверови ќе ги раззелениме, а јавниот превоз за пензионери и самохрани родители ќе биде бесплатен“, истакна Трајковски.

Програмата предвидува ревизија на урбанистичките планови, монтажни и подземни гаражи, реконструкција на улици и мостови, како и решенија за паркирање и водоснабдување. Секое маало ќе добие функционална инфраструктура, не само елитните делови. Во економијата планира 1.000 нови вработувања, 100 мали бизниси, бизнис-инкубатор, преквалификации и поддршка за зелени иновации.
Социјалната правда вклучува субвенции за самохрани мајки, бесплатни оброци, домашна нега за стари лица, центар за жртви на семејно насилство и пристапност за лица со попреченост.

„Не ветувам чуда, туку работа за секој граѓанин. Време е парите да одат за децата, не за партиски ПР“, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел