Горан Минчев е избран за шеф на Централниот изборен штаб на Движењето ЗНАМ за наша Македонија

Од:

На синоќешната седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија беше формиран Централниот Изборен Штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори.

Избрани беа и шефовите на Регионалните штабови во сите шест изборни единици.

Шеф на Централниот Изборен Штаб е Генералниот секретар на партијата, Горан Минчев.

„До крајот на месец јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа.
На седницата на ЦО беа дискутирани активностите како увертира на подготовките за почетокот на изборната кампања, но и комплетирањето на кандидатските листи за советници во сите општини каде што Движењето ЗНАМ за наша Македонија има свои Општински организации.

Договорено е дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија ќе продолжи со теренски активности како трета фаза средби со членовите и симпатизерите во сите градови и села низ Македонија, што значи ќе имаме партиско работно лето, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

Воспоставувањето современи дигитални решенија за достапност, ефикасност и квалитет на обуките за јавните службеници во фокусот на средбата Минчев – Пауновиќ