Горан Милевски ќе поднесе оставка од министерската функција

Од:

Горан Милевски следната недела ќе ја напушти министерската фотелја во Министерството за локална самоуправа. Како што дознава „А1он“, одлуката е донесена уште минатата недела. Во ЛДП, партијата чиј претседател се уште е Милевски, веќе активно се водат разговори кој ќе биде негов наследник во локална самоуправа, но и во партијата.

Ваквата одлука на Милевски доаѓа неполн месец по истражувањата на „А1он“ за вработувањата на негови блиски луѓе и сопартијци во Министерството за локална самоуправа, како и ангажмани на швајцарски проекти, за суми кои стигнуваат и до 150.000 денари месечно. Се работи за баџанаци, другари, ученици на министерот Милевски кои добиле државни позиции, а други пак ангажмани на проекти за одржлив и рамномерен регионален развој. Милевски тогаш негираше дека станува збор за непотизам и дека ангажираните лица се бираат врз основа на квалитет и стручност, а не по партиска припадност.

И вработувањата и хонорарните ангажмани веќе ги истражува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која најави дека ќе побара конкретни податоци за овие лица од Министерството за локална самоуправа и самиот Милевски.

Инаку, се уште тече законскиот рок во кој „А1он“ официјално достави барање преку слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството, барајќи ги сите лица кои биле ангажирани на проекти преку Швајцарската амбасада од 2017 до 2022 година. Причината за тоа е што според информациите на „А1он“, во институцијата постојат и ангажмани кои се склучени преку агенција со авторски договори и нивните исплати не можат да се пронајдат на алатката „Отворени финансии“. За нив не е спроведен јавен оглас, туку институцијата само побарала заинтересираните кандидати да достават понуди, за кои самиот министер Милевски одлучувал кого ќе го одбере.

Би можело да ве интересира

Милевски: Кој може Сонцето од Вергина да забрани приватно да се користи

А1он

Милевски: Судот треба да одреди мерки притвор на сите обвинети од СЈО

Наум Локоски

Меѓународни организации во кои членува ЛДП реагираа на нападот врз пратеникот Милевски

Наум Локоски

(ВИДЕО) Милевски: Нападот е поради законот за јазиците и да нè елиминираат некој друг ќе ја спроведе оваа политика

Наум Локоски

Милевски: Должност ми е како човек да ги испочитувам нашите херои

Наум Локоски

ЕУРО 2017 У-21: Милевски ветува голема борба на неговите избраници

Наум Локоски