Гордан Калајџиев и Цаца Николовска ќе вршат надзор врз прислушувањето

Од:

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор над Опеативно-техничката агенција (ОТА) која ќе го спроведува следењето на комуникациите, а четворица да се изберат од претходниот оглас.

Па така од пријавените осум, комисијата ги прифати кандидатурите на поранешната судијка Цаца Николовска, професорот Гордан Калајџиев, Филип Стојановски и Ице Илиевски.

Цаца Николовска ќе претседава со Советот, а предлогот на комисијата треба да се стави на дневен ред на следната пленарна седница.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ и Беса на Биљал Касами побараа целосно нов оглас за избор на членови на Граѓанскиот совет за надзор на ОТА, но СДСМ и ДУИ предложија да се објави парцијален оглас, односно да се изберат 3-4 членови за да почне да функционира телото, а потоа да се избираат и другите членови.

По изборот на членовите, реакција стигна и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот го сметаат за партизиран и оценуваат дека владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ ги протуркало четирите членови.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски