Голгота на кумановци на островот Лефкада

Од:

Група туристи од Куманово тврдат дека се измамени од туристичката агенција „Талија травел“.

Во изјава за А1 велат дека туристичката агенција не им го уплатила аранжманот, за кој тие дале пари.

Кога стигнале на островот Лефкада во Грција, им кажале дека  имаат уплатено само за два дена. За натму да се снајдат како ќе си ги обезбедат парите.

Вчеравечер од хотелот им наредиле да  ги напуштат собите и им се заканиле дека нема да им дадат вечера.

Станува збор за два автобуси полни со туристи.

Спорен нивни тврдење, туристичката агенција „Талија травел“ од Куманово, ги однела туристите на Лефкада со наводно платен аранжман за девет полупансиони и превоз.Шокот бил огромен , кога на третиот ден, хотелската управа ги избркала.

Вчеравечер пред канцеларијата на туристичката агенција во Куманово, се случувала вистинска драма. Роднините и пријателите на измамените туристи, се судрија со сопственикот, му се заканувале со пријавување, но тој не одговорил дали и како ќе ги обештети нивните блиски.

Една од измамените во СМС порака до своите роднини напишала: „Ни дадоа вечера како на кучиња и не оставија оваа вечер да преспиеме. Ќе видиме што ќе се случи понатаму“.

А1 останува во контакт и со измамените туристи и со нивните роднини, и ќе ве информира за овој најнов скандал и измама на некои туристички агенции.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски