Големото уво во Македонија

Од:

Во време кога во судот се работи на правна разрешница и казна за виновните за аферата за масовно прислушување „Таргет-Тврдина“, јавноста ја потресе нова афера. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески објави дека со години цел на прислушувањата биле и јавните обвинители. Првиот разговор кој бил откриен и бил снимен е на 30ти септември 2016та година, но налогот за поставување на опремата, наредбата да се снима, јавната набавка за поставување на опремата во обвинителството е извршена по нечија друга наредба и кога друга номенклатура беше на власт. Предистражната постапка треба да утврди дали некој од надвор ги користел односно злоупотребил податоците, дали телефонските разговори се изнесени надвор и со која цел, кој сѐ имал пристап до централата.

Обвинителството ќе истражува и дали се снимале разговори уште од 2013 година откако е пуштена во употреба новата зграда во барокен стил на кејот на Вардар во центарот на Скопје кога е и инсталирана телефонската централа.

Во таа зграда се сместени Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото и Републичкото обвинителство, но можно е да се снимани и Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и судовите.

Со ова паѓа во вода обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ кој прстот го впери во Оливер Спасовски кој во септември 2016 беше технички министер и дека секогаш кога СДСМ се на власт има масовни прислушувања. Еве што велат податоците.

Македонија неколку пати ја треселе афери со прислушување. Не останаа поштедени политичари, новинари, дипломати, но и граѓани.

Првиот јавен скандал со прислушкување во Македонија датира од 2000 година Афера „Големото Уво“ на прес конференција ја откри лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. . Обвинителот Марко Зврлевски во текот на спроведување на истрагата барал одговор од Бранко Црвенковски да каже кој му ги дал транскриптите, но тој одбил да одговори. Се смета дека материјалите на Црвенковски му биле дадени од страна на Зоран Верушевски, поранешен директор наУправата за безбедност и контраразузнавање.

Вештачењето покажа дека МВР и Македонски телекомуникации имале соодветна опрема за прислушување, но никогаш не се откри кој и по чија нарачка прислушувал. Кривичната постапка запре, откако тогашниот претседател Борис Трајковски на брзина донесе одлука за аболиција на тогашната министерката за внатрешни работи, Доста Димовска и на началникот на Петтата управа во МВР, Александар Цветков. Тие двајца беа осомничени за нарачатели на прислушувањето.

Процесот во граѓанска постапка го продолжија прислушуваните новинари кои го добија спорот, а поради судење во неразумен рок, добија оштета од државата по одлука на Судот во Стразбур.

По 5 години, лидерот на Новата социјалдемократска партија, Тито Петковски ги обвини четирите големи партии во земјата дека имаат уреди за прислушување и тајно ги следат своите ривали.

Контра Петковски веднаш реагираа сите прозвани партии, и работата остана без епилог.

На 9 февруари 2015 година, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја објави првата ,,Бомба“ од најголемата афера во историјата на македонската држава.

Заев обелодени скандал во кој биле прислушувани над 20.000 граѓани, високи претставници од власта и од опозицијата, новинари, претставници од невладини организации, од Синодот на МПЦ, ИВЗ, политичари.

Секојдневно опозицијата објавуваше „бомби“ од прислушуваните разговори за работата на власта на Груевски.

СДСМ објави 36 ,,Бомби“, а останатиот материјал од прислушуваните стотици илјади разговори беа предадени на СЈО.

Случајот кој се води во судот за масовното прислушување е познат како „Тврдина-Таргет“ кој СЈО го иницираше за нелегалното прислушување, а во кој се обвинети 12 лица.

Обвинети се поранешната минстерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Меѓу обвинетите се и поранешните началници во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски, за кој е одобрена екстрадиција од судот во Солун каде се наоѓаат во притвор.

Во овој случај меѓу обвинетите е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК, Мијалков.

Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

Предраг Петровиќ

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов