Големо невреме во Скопје, во Козле падна покрив од зграда, оштетени неколку возила

Од:

Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи штета во Козле.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“.

Оштетени се неколку автомобили.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше регистриран удар на ветер од 150 километри на час.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници