Големо невреме во Делчевско

Од:

Попладнево Делчево и околината ги зафати невреме, што предизвика прекин на расадувањето на тутунот и на садењето на компирот, гравот, пченката и другите градинарски култури.

Пороен дожд и град во големина на лешник ги погоди атарите на селата Вирче, Нов Истевник, Стар Истевник, Тработивиште и Разловци.

Првичните сознанија говорат за штети на градинарските култури, овошните насади , луцериштата, ливадите и на патиштата.

Пораснат е водостојат на реките Брегалница, Желевица и нивните притоки Даштица, Габровчица, Куровица, Виречка и Градска река, но до сега нема излевање од нивните корита.

Забележани се одрони од карпи и свлечишта од кал на коловозот на патот Кочани – Берово, на делниците помеѓу Македонска Каменица и Делчево и помеѓу Делчево и Пехчево. Сообраќајот се одвива во отежнати услови.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници