Државниот инспекторат за земјоделство подолг периoд прибираше информации за недозволениот риболов на Преспанско Езеро (во периодот кога езерото е без концесионер) и по собирање на податоци и сознанија дека организирана група од физички лица, од регионот на Преспа, имаат големи количини на риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, со кој риболовен алат вршат недозволен риболов на Преспанското Езеро, како и дека истите лица поседуваат импровизирани складишта во кои се наоѓариболовен алат, фрижидери со свежа и замрзната риба која пак потоа спротивно на законот се пушта во промет на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга превзеде конкретни оперативни мерки информираат од Државниот земјоделски инпекторат од Охрид.
Од таму информирата дека во текот на вчерашниот ден заедно со МВР и единицата за брзи интервенции била изведена голема акција долж Преспанското езеро, а бил извршен и претрес во домови на одредени лица во реонот на Преспанското Езеро по претходно обезбеден судски налог (наредба).
Биле одземени Рибарски мрежи 283 броја со со вкупна должина од 14 километри, 205 кг кг риба претежно преспанска плашица,две сачми,една повлечна мрежа – влак, шест пенти ,три кајчиња, шест весла, еден резервоар за бензин,1931 рибарска мрежа – чилиња,азновиден матерјал за изработка на рибарски мрежи.
„Од страна на СВР – Битола поднесени се 5 кривични пријави, од страна на Државниот инспекторат за земјоделство на дополнителни 5 лица ќе им биде понудено порамнување (прекршочни пријави) и поведена една постапка против Н.Н сторител.Надзорите на Државниот инспекторат за земјоделство ќе се интензивираат во наредниот период на повеќе риболовни подрачја и зони“ вели Јован Бојчески-Државен инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата
Мики Трајковски