„Тигрите“ влегоа во Грчец, уапсен наркодилер

Од:

Голема полициска акција на полициските „Тигри“ во скопски Грчец.

Тигрите опколиле познат нарко дилер на возраст од 45 години, кој се обидел да избега но успеале да го совладаат и приведат.
Според информациите нарко дилерот бил дел од истрагата на ОЈО за ГОКК „Планина“.

Од МВР за А1он го потврдија случајот.

Дилерот од Грчец бил баран со потерница.

„ Денеска (29.08.2023) околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. При тоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство.“, велат од МВР

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ