Голем шумски пожар во Португалија

Од:

Повеќе од 600 луѓе, од кои 500 пожарникари денеска беа мобилизирани во гаснењето на големиот шумски пожар во централна Португалија, пренесува Фена.

Службата за цивилна заштита соопшти дека огнот е ставен под контрола.

Два авиони, еден хеликоптер и 200 возила учествуваа во гаснењето на пожарот, кој од вчера попладне изби во Алваро.

– Постоеше закана пламените да се прошират на оддалечените куќи, што создаде паника меѓу населението, поради што е евакуирано, изјави портпаролот на пожарникарите Руи Еставес.

Прогласено е предупредување од евентуални пожари во шест комуни во средна и јужна Португалија. В0 2013 година од јануари до крајот на август во пожарите во Португалија уништија над 94.000 хектари шума.

Би можело да ве интересира

Возач во Португалија прегази 12 лица, меѓу кои и двајца полицајци

Горан Наумовски

Португалија и Колумбија ремизираа без голови, Роналдо и соиграчите ќе играат против Хрватска во нокаут-фазата

Предраг Петровиќ

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Португалија доби час по ракомет од Франција – паднаа неколку рекорди

А1он

Португалија официјално ја призна државата Палестина