А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Голем е интересот за вакцинација против сезонски грип

by А1он05/11/2018 - 12:39504
Share0

Мошне голем е интересот за вакцинација против сезонски грип, изјави денеска раководителот на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Скопје, Билјана Даниловска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вакцинацијата се одвива во повеќе ординации, во едни, како што посочи, се вакцинираат лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија, за кои вакцината е бесплатна, односно тие се преку „МојТермин“, а во други ординации се вакцинираат лица со наплата од 650 денари, чиј број од изутрината досега изнесува 300.

-Центарот за јавно здравје за подрачјето за Скопје обезбеди 4.000 вакцини за лицата кои ќе се вакцинираат со наплата, а Министерството за здравство предвиде 5.000 дози за скопското подрачје за сите за кои вакцините ќе бидат бесплатни. Работиме во две смени, а со пациенти од 7:30 до 18:30 часот, рече Даниловска.

Оваа година, појасни, вакцината е четиритипна и за северната хемисфера (според препораките од СЗО) каде и ние припаѓаме штити од два типа на А и два типа на Б вирусот на грип.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Грипот е многу тешко заболување кое може да доведе и до повеќе компликации. Затоа е препорачливо луѓето да се вакцинираат. Вакцината е наменета за целата попуалција на возраст над шест месеци, но посебно индицирани, ризични групи се лицата над 65 години, лицата со хронични болести, намален имунитет, малите деца на возраст до пет години, сите кои работат во јавниот сектор и кои доаѓаат во контакт со многу луѓе меѓу кои се и здравствените работници, додаде Даниловска.

gripvakcinacijavakcini

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он15/10/2026 - 15:4215/10/2026 - 15:47

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 13:50

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 10:3207/10/2026 - 13:50

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 12:23

Уште нема вакцини против сезонски грип, се очекува набавка месецов

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 10:2606/10/2026 - 10:26

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео