Голем дефект на цевка на „Теодосиј Гологанов“, екипи на Водовод работат на што побрзо отстранување

Од:

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на улицата Теодосиј Гологанов, односно на раскрсницата со улицата Анкарска, информира ЈП Водовод и канализација.

– Имајќи ја предвид големината на дефектот, со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле, соопштува ЈП Водовод и канализација.

– Нашите екипи заедно со потребната механизација, работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за деликатен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато од истата, се додава во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он