Голем број новини на 6-тиот аутдор фестивал „Mariovo off road experience“

Од:

Викендов по 6-ти пат во Мариово ќе се одржи аутдор фестивалот „Mariovo off road experience“. Организатор на настанот е Здружението „Вело Европа“ од Скопје и Општина Прилеп. Фестивалот освен турите со планински велосипедизам годинава ќе понуди и други новитети како влегување во пештери, искачување на неколку планински врвови и концерт на чалгискиот оркестар при МРТ. Сменета е и локацијата на неговото одржување, од селото Манастир сега активностите и кампот ќе бидат сместени во манастирот Свети Илија во село Мелница.

„Ова е 6-то издание на фестивалот, покрај планинскиот велосипедизам тука ги имаме и планинското трчање, аеробикот, болдерингот, годинава ќе имаме и спелеологија. Утре со почеток во 10 часот две групи составени од по 20 луѓе ќе можат да ја посетат Мелничката пештера. Целта и мотото на годинешното издание на фестивалот е „Уживаме во Мариово“. Со текот на годините го поставивме Мариово во календарот на аутдор активностите на спортистите во Македонија и веќе се дефинираше групата на луѓе кои се искрени љубители на овие спортови, љубители на престојот во природа и конкретно љубители на Мариово. Оваа година очекуваме да има околу 300 гости кои ќе практикуваат еден од овие спортови. Една од најубавите промени кои ќе ги воведеме е музичкиот дел кој ќе се одржи во сабота. Преку денот ќе има диџеј кој ќе пушта тивка музика, а вечерта во 20 часот ќе се одржи концерт на чалгискиот оркестар при МРТ. Наместо рок концертите кои ги имавме изминативе години, сега сакаме да се посветиме буквално на уживањето во Мариово и затоа одбравме ваков тип на музика“, кажа Слободан Трајковски, организатор на аутдор фестивалот „Mariovo off road experience“.

Главни активности како и претходните години ќе бидат планинските велосипедски тури. Ќе има две тури едната долга 50, а другата 30 км. Учесниците на подолгата тура ќе стартуваат во 10 часот од манастирот Свети Илија во Мелница, а ќе продолжат кон Бешиште, Сатока, Градешница и преку Зовиќ и селото Манастир повторно завршуваат во манастирот Свети Илија во Мелница. Малата тура ги посетува селата Витолиште,Полчиште, Бешиште и повторно се враќа во Мелница. На таа тура предвидено било да има и мали предавања за истражувањата кои во изминатиов период се правеле во Мариово.

„Ова е мое трето учество на фестивалот. Годинава една од поглавните промени ќе биде и воведувањето на планинарската патека која ние уште пред еден месец ја обележавме и пробивавме. Таа е во должина од 15 км. Ќе стартуваме од манастирот Св. Илија и ќе искачиме три врвови : Мала скрка, Панделе и Пасково ќуле и потоа ќе се спуштиме во селото Полчиште за да на сите посетители и учесници на турата им претставиме како изгледа едно типично мариовско село со својата архитектура, исто така учесниците ќе имаат можност да ги посетат и жителите на ова село. Потоа се враќаме назад во манастирот“, рече Марио Шарески, планинарско друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Пожарот во Мариово е ставен под контрола

Се проширува пожарот во Мариово

Горан Наумовски

Двочасовна блокада на патот Прилеп-Витолиште и протест поради негрижата за Мариово

Пронајдени две семејства од странство кои се загубиле во мариовско

Катерина Ѓуровски

Исчезнато 10-годишно дете во Мариово

А1он