Голем број гости и туристи во Охрид за Велигденските празници

Од:

Велигденските празници, продолжениот празничен викенд и засега убавото време придонесоа Охрид и ривиерата да бидат исполнети со голем број туристи, главно домашни и од соседните држави.

Причина повеќе за посетеноста е и совпаѓањето на празникот кај православните и католичките христијани.

Низ градот се бара место повеќе, како за седење на терасите на кафулињата и рестораните, така и за паркирање на возилата.

Иако нема конкретни податоци за бројот гости во Охрид, бидејќи не сите хотелски капацитети се отворени во ова време од годината, сепак оние што работат се со солидна посетеност, околу 80 проценти. Голем дел од туристите се во апартмански сместувања, приватно, во соби, а не се малку и оние што имаат свои станови во градот и околината.

Централнатата богослужба по повод Воскресението Христово – Велигден ќе се одржи вечерва од 23:30 часот на Свети Пантелејмон на Плаошник, а ќе чиноначалствува епископот Дебарско-кичевски, митрополитот Тимотеј. Традиционално, илјадници верници, охриѓани и туристи на полноќ со свеќи во раце и молитва ќе ја дочекаат радосната вест за Христовото Воскресение.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски