Годишно обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците во Собранието

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Пендаровски, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56. собраниска седница. Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот-сајт е најавено за 12 часот.

Шефот на државата, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот ќе стане попрагматичен, но и споменување на рок од шест месеци за да се се реши.

Пендаровски не поддржува предвремени избори. Според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој да се самораспушти и да се оди на предвремени избори.

Прашан дали очекува на неговото годишно обраќање во Собранието да присуствува и опозицијата, Пендаровски рече дека тоа е политичка одлука на пратеничките групи.

Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи и во неделата, за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев.

Премиерот најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на оваа недела и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски