Годишнина од смртта на Мартин

Од:

Вечерва со палење свеќи на плоштадот во Скопје, здружението „Стоп за полициската бруталност“ одбележа една година од смртта на Мартин Нешкоски.

За утре во 18:00 часот, најавена е протестна прошетка по следнава маршрута: Рекорд – Полициска Станица Беко, ул. Македонија, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин – МВР – бул. Кочо Рацин – Собрание на РМ – Плато Мајка Тереза.

„Со оваа протестна демонстрација, сакаме да потсетиме дека по немилиот настан на 06.06.2011 година, кога Мартин Нешкоски падна како жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалните единици на МВР, низ улиците на Скопје заживеа јасна критичка свест која во Министерството за внатрешни работи лоцираше одговорност за долгогодишна репресија врз граѓаните на Република Македонија“, стои во повикот.

„По една година, веќе се помиривме со нечовечноста на чиновниците на репресивниот систем како Гордана Јанкуловска и Иво Котевски, кои продолжуваат со градењето на нивните професионални и политички кариери без трошка грижа на совест за нивниот обид да ја излажат јавноста, но никогаш нема да се помириме со постоењето на полициски единици кои се неотчетни кон граѓаните и кои се постојана закана за нашата лична безбедност“, велат од Здружението „Стоп за полициската бруталност“.

 

 

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска