Годишна работилница на ФЗОМ со Здружение на приватни лекари на Македонија

Од:

Превенцијата беше тема на годишната работилница на Фондот за здравствено осигурување на Македонија со Здружение на приватни лекари на Македонија.

Директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова потенцира дека превенцијата, како голем проект на Фондот и Владата, на почетокот почнал со доза на резерва. Додаде дека веќе има позитивни искуства и спасени човечки животи.

– Со резултати и статистика, ФЗОМ ќе излезе на 15 јули. Со ваквите проекти на превенција во здраството, Македонија е пред земјите во регионот, а матичнните лекари докажаа дека освен што лекуваат, превентивно го штитат здравјето на граѓаните во Македонија, потенцира Парнарџиева-Змејкова.

Таа информира дека во Скопје се отворени осум дежурни пунктови за превенција кои работат секој ден до 19 часот и во сабота. Деновиве е промовиран и пункт во Здраствен дом Идадија во Скопје.

Парнарџиева-Змејкова истакна дека вакви превентивни здравствени пунктови наскоро ќе се отворат и во здраствените домови во 15 поголеми градови во земјава, од кои најбрзо во Охрид, Струга и Гевгелија.

Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишова изјави дека веќе се постигнати резултати од превентивните прегледи кај граѓаните, проект што се реализира во изминатите шест месеци.

– Со овој заеднички проект на ФЗОМ и матичните лекари се спасени многу животи, потенцира Чолакова Дервишова. Таа додаде дека со овие превентивни прегледи биле откриени пациенти со холестерол во крвта и други болести, а со превентивна терапија биле спасени човечки животи. Ги советуваше граѓаните, посебно младите за здрав живот, вклучувајќи здрава исхрана, вежби и движење или трчање секој ден за да си го продолжат сопствениот живот.

Би можело да ве интересира

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година