Глобална годишна конференција на ОМД oд 24 до 27 јули

Од:

Обединетата македионска дијспора (ОМД) oд 24 до 27 јули  ќе ја организира четвртата Глобална годишна конференција која годинава е посветена на 100-годишнината од Букурешкиот договор и Балканските војни.

– Ова е еден семакедонски, натпартиски и неполитички обид на ОМД за обединување, за да излеземе со обединет став кон битните прашања. Да увидиме како можеме да учиме од грешките од претходното за да одиме напред како нација и држава”, рече на прес-конференција претседателот на ОМД Мето Колоски.

Според него, целта е што поголем дел од македонската дијаспора почесто да ја посетува Македонија, бидејќи има многу кои се со македонско потекло, но никогаш не биле во земјава.

На конференцијата ќе се зборува за историјата, за луѓето кои не ја знаат да се запознаат со неа, но и да се упати порака за иднината.

– Не е важно што се направило во последните сто години, што и се случило на Македонија во тој период, туку и што треба да се направи во иднина. Ќе се говори и за економијата, како дијаспората да инвестира во татковината и што Македонија и нуди во таа насока, за надворешната политика, за ЕУ и НАТО, рече Колоски.

ОМД за организација на конференцијата ќе потроши повеќе од 300 илјади евра, а ќе бидат посетени повеќе градови низ земјава, како и градови од егејска и пиринска Македонија. Ќе бидат одржани и повеќе културни настани, информираше Колоски.

На конференцијата е поканет да присуствува македонскиот државен врв, а ќе има и видни академски личности.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски