Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Од:

Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа прес-конференција поради непостапувањето на извршителите согласно новите измени во Законот за облигациони односи, кои веќе втор месец се стапени на сила.

-Извршителите по изминати два месеци откако се стапени на сила новите измени во Законот за Облигациони односи, кој се однесува на застарување на долговите и корекција на казнената камата, не постапуваат според Законот. Ова е системски закон кој не се почитува од речиси државни службеници, за кои Министерството за правда треба итно да реагира и да им ги одземе лиценците на извршителите, изјави денеска на прес-конференцијата одржана пред Министерство за правда, активистката Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

Секојдневно стигнуваат огромен број реакции на граѓани, вели Глигорова, кои плаќаат сметки од пред 20 години, иако според Законот е определено дека извршната постапка може да се реализира во рок од 10 години од денот на поднесување на барањето за извршување, после кој рок настапува апсолутна застареност. Ова е стапено во сила, но како што рече, тоа не се применува.

-Секаде во свет апсолутната застареност не е повеќе од 10 години. Значи имаме застареност за тешки кривични дела, како што се убиство, а знаеме дека во Кривичниот законик се направи измена и се смени членот за злосторничко здружување, со намалени санкции, како и за злоупотреба на службена положба и овластување, што значи сега имаме колизија. За криминалците може да има застарување, а за обичните граѓани кои едвај преживуваат не може, рече Глигорова.

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, на прес-конференцијата пред Министерството за правда рече дека ќе покрене иницијатива до пратениците, како предлагачи на овој закон, да бараат во Собрание одземање на лиценци на извршителите, така што Собранието ќе донесе одлука за непочитување на Законот од страна на Министерството за правда.

-Јас разговарав со пратениците, ние ќе покренеме иницијатива до пратениците, како предлагачи на овој Закон, да покренат иницијатива во Собрание и да бараат одземање на лиценци на извршителите, со тоа што одлука ќе донесе Собранието до Министерството за правда, поради непочитување на Закон кој е донесен од страна на пратениците. Ние веќе имаме добиено една судска пресуда во полза на граѓаните дека има апсолутна застареност на долгови во Куманово, изјави Ибраимовски од пред Министерството за правда.

На 29 август здруженијата одржаа протест пред Министерството за правда, каде доставија барање до Министерството и побараа одземање на лиценците на извршителите, но како што вели Ибраимовски, не добиле никаков одговор.

-Сакаме да бидеме членка на ЕУ, а не почитуваме системски закон во државата, тука се влезени сите институции. Ние не најдовме за сходно да го спроведуваме законот системски. Дали има или нема аномалии е споредна работа, тој треба да се спроведува, а во меѓувреме да се бараат други измени во Законот, бидејќи непочитување на закон е кривично дело. Не може системски закон да не се спроведува, тоа значи дека имаме трула држава и некој мора да стои позади ваквите манипулации со граѓаните, рече Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

A1on

(ВИДЕО) Монструмот повторно тропна на врата кај Цубалеска: Не сакам да бидам втората на која ѝ ја одзедоа куќата

A1on