Еден од преживеаните во вчерашната несреќа, која се случи кога се запали македонски автобус во Бугарија на враќање од Турција, е Орхан Алити. Заедно со српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани го скршил задното стакло на автобусот и помогнал да се спасат животите на останатите шест патници.
Набргу по фаталната несреќа Орхан и се јавил на сопругата која живее во Белгија, пренесува Би-би-си.
Орхан пријавил дека автобусот се запалил, додека тој со голема тешкотија успеал да ги скрши задните стакла и излегол, изјави неговиот брат Самет Алити.
Орхан ја скршил едната нога кога скокнал од автобусот. Неговиот син Висар се уште бил внатре. Почнал да вика: „Скокни, Висаре, скокни.“ За жал, момчето исчезнало во пламен.
Состојбата на Орхан сега е стабилна, а според неговиот брат, тој се уште не знае дека меѓу жртвите е и неговиот син.
Трагедијата ја преживеа и 16-годишната Зулејха. Нејзиниот татко Аднан Јашаровски изјави дека неговата ќерка му се јавила да му каже дека преживеала брутална несреќа. Сега е во Софија за да ја посети ќерка си во болница.
Низ солзи кажа дека и изгореле само рацете, но инаку се чувствува добро. Не зборуваше многу, плачеше и беше во шок.
Млад брачен пар кој ја преживеа несреќата во Бугарија, 26-годишниот Љуљзим од Прешево и неговата свршеница Медина Лутфи од Кумановско Сопот, од болницата раскажале за пеколот што го преживеале кога се запалил автобусот на агенцијата „Беса транс“.
Медина низ солзи вели дека го слушнала плачот на децата во автобусот.
– Спиев и наеднаш слушнав како патниците плачат и врескаат. Кога го видов скршеното стакло, брзо скокнав. Чадот беше црн. Слушнав како плачат децата, имаше многу деца – рече таа.
Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ го посети Љуљзим во болницата во Софија.
Наш држављанин Љуљзим Сулејмани, и сам јутрос повређен у страшном удесу надомак Софије, помогао је да се евакуише седморо путника – свака част и брз опоравак, Љуљзиме! https://t.co/eJeWCTvxCn
— MFA Serbia (@MFASerbia) November 23, 2021