Главни акценти од дискусијата во ПС на Советот на Европа за Северна Македонија

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија, врз основа на извештајот изготвен од Лиз Кристоферсен, пратеничка од Норвешка и Александар Поциј, пратеник од Полска.

Во текстот, Комисијата им оддаде признание на властите на Северна Македонија за напредокот постигнат од 2013 година, но одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот и во наредниот период да го оцени напредокот во натамошно консолидирање на функционирањето на демократските институции, зајакнувањето на независноста на судството, борбата против корупцијата, зајакнувањето на изборната рамка и спроведување на инклузивни политики за заштита на правата на малцинствата.

Понатаму во резолуцијата се поздравуваат преземените чекори, по двегодишниот период на политичка транзиција, за нормализирање на состојбата во земјата и за придржување кон стандардите на Советот на Европа, како и извонредното подобрување во односите на Северна Македонија со соседите. Сепак, се наведува во резолуцијата, неодамна донесените закони треба да бидат целосно имплементирани со цел да се зајакне независноста на судството и да се консолидира владеењето на правото.

Во едночасовната расправа сите учесници го поздравија напредокот постигнат од страна на земјата, но исто така и покренаа прашања кои останаа да се дореализираат.

Мари Кристин Далоуз пратеничка од Франција се интересираше дали земјата ќе има попис во 2020 година, а се осврна и на условите во затворите.

Стефан Шенах (Австрија) и лордот Александер Данди (Велика Британија) со позитивна оценка за политичките партии и на соживотот на етничките групи.

Жак Мер (Франција) ја спомна помошта на другите институции на Советот на Европа: ГРЕКО и Венецијанската комисија кои се многу присутни, но други институции, како КПТ и ЕКРИ. Тој оцени дека актуелните случувања покажуваат сме далеку од една задоволувачка ситуација, посочувајќи го примерот со специјалната обвинителка.

Георгиос Катроугалос (Грција) меѓу другото го спомена договорот од Преспа и ставањето крај на овој 27-годишен конфликт и се заложи за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Хајналка Јухаз(Унгарија), ја потенцира важноста на евроатлантските интеграции за земјата и регионот.

Зита Гурмаи (Унгарија), зборуваше во контекстот на домашната политика во Унгарија со давањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Ивелина Василева од Бугарија посочи на многу важна точка стабилноста на Северна Македонија и стабилноста на Западен Балкан, бидејќи Северна Македонија може да придонесе за оваа стабилност, како и за стабилноста на Европа како целина.

Македонскиот пратеник Никола Попоски истакна дека 2020 година во македонски контекст е двојна годишнина, 20 години пост-мониторинг во Советот на Европа и 15 години откако го стекнавме статусот на земја-кандидат во Европската унија. Тој нагласи дека низ годините земјата имаше корист од вредните препораки на Групата на држави против корупцијата, Венецијанската комисија како и извештаите за мисиите за набудување на изборите на Парламентарното собрание. Според Попоски, примената на законите мора да добие приоритет над постојаните измени во домашната регулатива. Воедно, изрази надеж дека ова е последно продолжување на пост-мониторингот, констатирајќи дека тоа главно зависи од политички пресметки. Тој предложи да се изработи објективна оценка на придонесот од досегашниот процес.

Во своето обраќање Шпреса Хадри ја поздрави заложбата на известувачите да презентираат извештај и нацрт-резолуција после 19 години во пост-мониторинг дијалог и после 6 години од последниот извештај. Таа изрази уверување дека силната посветеност кон спроведување на сите неопходни реформи и тесната соработка со Организацијата во блиска иднина ќе ги убеди известителите Кристоферссен и Полициј дека е постигнат напредок во сите посочени области. Нагласувајќи дека целта на реформите е да се воспостават стабилни темели за владеење на правото во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, таа изрази очекување дека напорите на властите, парламентот и луѓето од Северна Македонија ќе бидат препознаени и оти тоа ќе резултира во финализирање на пост-мониторинг дијалогот со нашето Собрание.

Бетиан Китев подвлече дека е остварен успех во надминување на политичката криза, во зајакнување на владеењето на правото, како и дека се направени фундаментални промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера и се постигнати опипливи резултати. Тој констатираше дека во изминатиот период Собранието ги подобри своите перформанси како форум за конструктивен политички дијалог и ги зголеми своите надзорни функции. Како шеф на македонската делегација во ПССЕ, тој истакна дека е постигнат забележителен напредок во исполнувањето на обврските согласно Резолуцијата 1213 на парламентарното собрание со која се затвори мониторинг постапката за Северна Македонија во април 2000 година. Изразувајќи очекување после 19 години државата да влезе во фаза на финализирање на пост-мониторинг дијалогот, тој увери дека како владејачка партија се целосно посветени кон исполнување на обврските.

Тој изрази надеж дека Мониторинг комисијата ќе донесе одлука да го процени напредокот во посочените области пред 2022 година и ќе донесе одлука да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Република Северна Македонија.

– Можам да ја разберам вашата нетрпеливост и фактот дека не сакате да ја прославите дваесетгодишнината од пост мониторинг дијалогот, но, како што истакнавме во нашиот извештај, мора да забележиме спроведување на одредени закони. Знаеме дека ситуацијата е кревка, но Советот на Европа ќе ви помогне да се движите во вистинската насока. Продолжете со овој начин и сигурен сум дека пост-мониторингот ќе заврши наскоро, изјави известувачката Лиз Кристоферсен.

Егедиус Вареикис рече дека сега зборуваме за македонското решение наместо за македонското прашање, што само го истакнува позитивниот развој на земјата.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС