Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“

Од:

Главната расправа за случајот „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 13.07.2021 година, се одлага со оглед да истовремено е насрочена и расправа по предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендeри“ по кој постапува истиот судечки совет и за која расправа е предвидено да се започне со давање на завршните зборови. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 24.08.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Титаник“ одложено за 30 септември

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Утрешното рочиште за случајот „Титаник” се одлага за 22 септември

Ана Ололовска

Судењето за „Титаник“ продолжува на 14 септември

Од крај на август почнуваат судењата за предметите кои се вратија од почеток поради разрешениот поротник

Кристијан Ландов

На Канческа-Милевска ќе и се суди одново за „Тендери”, по разрешувањето на поротникот

Кристијан Ландов