Главната медицинска сестра на Инфективна, Зорица Љубичиќ Митиќ, дала отказ заедно со уште две колешки

Од:

Главната медицинска сестра на скопската Инфективна клиника, Зорица Љубичиќ Митиќ, вчера дала отказ на работното место, а тоа во изминатата недела го сториле уште две медицински сестри од клиниката, покажуваат документи кои вечерва се објавени на Фејсбук.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ пишува Љубичиќ Митиќ во отказното писмо упатено до раководството на Инфективна.

Според објавените документи, од клиниката си заминуваат и Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа, кои исто така се медицински сестри со долгогодишно искуство на Клиниката, но тие не наведуваат ништо околу причините за одлуката.

Отказите на трите медицински сестри доаѓаат во време кога Инфективната клиника е меѓу неколкуте здравствените установи кои го понесоа најголемиот товар во справувањето со епидемијата на коронавирусот.

Медицинските лица кои на социјалните мрежи ја коментираат одлуката за отказ на трите медицински сестри од Инфективна, велат дека ова ќе биде голема загуба за установата, но и за целиот државен здравствен систем, во најлошото можно време.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Бешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство