А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Гласа дијаспората, затворениците, болните и изнемоштените лица

by А1он29/09/2018 - 07:24304
Share0

Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.

Добивај вести на вибер

Во 69 од 80 општини пријавени за гласање се 1.859 болни и немоќни лица. Членови на избирачките одбори ќе ги посетат нивните домови каде што болните и изнемоштените лица ќе го остварат правото на глас.

Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.

Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн 321, Венеција 264, Љубљана 217 и во Виена и Торонто каде изјаснување ќе има за по 151 македонски државјанин. Најмалку, 10, се пријавени за гласање во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.

Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП-та за референдумот допатувал во Македонија, нема да може да го оствари тоа право во земјата бидејќи неговото име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората. Гласањето во дијаспората започнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот по локално време.

Во казнено-поправните установи во земјата треба да гласаат 1.558 затвореници и лица кои се во притвор.

Денеска треба да гласаат и седум внатрешно раселени лица.

Во средата, пак, гласаа членови и заменици членови на избирачки одбори кои отпатуваа во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во странство.

Право на глас на плебисцитарното изјаснување утре имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Според одлуката донесена од Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласачите ќе треба да заокружат „за“ или „против“ со хемиско пенкало во сина боја.

referendum

Би можело да ве интересира

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Горан Наумовски30/09/2023 - 15:16

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов10/10/2022 - 13:2510/10/2022 - 13:32

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска13/09/2022 - 18:3314/09/2022 - 08:10

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски09/09/2022 - 14:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен