Ѓошевски: Толпата го бараше и Вељаноски – „Каде е предавникот Трајко што дозволи да се пее странска химна во Собранието?“

Од:

Судењето за „Крвавиот четврток“ продолжи со сведочење на Горан Ѓошевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Ѓошевски во своето сведочење додека го раскажуваше настанот од 27 април изјави дека толпата, во одреден период почнала да го бара Вељаноски велејќи дека е предавник бидејќи дозволил да се пее во Собранието на РМ химна на друга држава.

– Луѓето почнаа да ги бараат и претседателот на Собранието. Велеа каде е предавникот Трајко што дозволи да се пее химна на странска држава во Собранието. Имаше обиди да се влезе во кабинетот на Вељаноски, имаше физички напади врз мене, насилно сакаа да влезат, сведочи Ѓошевски.

Ѓошевски вели дека додека траеле нападите размислувал дали тогашниот претседател на Собранието да го смести во блиндираната тајна соба со цел да не биде физички нападнат.

– Мојата последна инстанца за заштита на Вељаноски беше блиндираната соба која во интерес на идните претседатели не смеам да кажам каде се наоѓа, вели Ѓошевски.

Шефот на Вељаноски исто така рече дека за време на упадот имал неколку неуспешни обиди да стапи во контакт со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, но после одреден период успеал да го добие.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава