Ѓорѓија Сајкоски ќе го води изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, извршниот комитет на седницата разговарал и за актуелната политичко-економска ситуација во државата, при што било потенцирано дека институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните.

Извршниот комитет донел заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април по повод, како што се наведува во соопштението, неправедно затворените уставобранители со драконски казни, кој не е нивна организација. Овој настан, како што соопштија од партијата, треба да помине во демократски и мирен чин. Притоа потенцираат дека се оградуваат од секакви инциденти доколку произлезат од „уфрлени провокатори на истиот настан“.

–Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ во најбрз можен рок бараат одговорност од власта за случајот „Мафија”.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он