Ѓорѓиевски: Советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лица поврзани со СДСМ осомничени за тежок криминал, наместо да се соочат со правдата, добиваат награди.

-Последниот пример е прераспределувањето на поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски на позицијата советник во Бирото ја јавна безбедност. Да потсетиме за Љупчо Трајковски се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти.

Да биде апсурдот уште поголем новоназначениот советник Трајковски сега е дел од Бирото за јавна безбедност кое меѓу другото има надлежност и врз секторот за гранични работи, миграции и криминалистичка полиција.

Со други зборови ова е како да се постави дилер во одделот за недозволена трговија со наркотици, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете за советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти и ги известувал криумчарите на кои места биле полициските патроли. Класична злоупотреба на службената должност и срам за полицијата.

Ова е кадровската политика на Заев, Спасовски и Славјанка Петровска. Полицијата наместо заштитник на граѓаните, се претвори во соучесник во криминалот.

Какви совети ќе му дава осомничениот на директорот на БЈБ ? Дали со унапредување на Трајковски му се дава нова можност за криминал? Дали тој треба да остварува контакт со подземјето во пресрет на изборите во корист на СДСМ и Зоран Заев лично?

Бараме Директорот на Бирото за јавна безбедност се откаже од услугите и да го разреши Трајковски од позицијата советник. Истовремено мора да има одговорност и за лицата кои не го санкционирале и дистанцирале од позициите во полицијата за да не влијае на доказите и сведоците во случајот кој што се води против него, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Категорично ги отфрламе дезинформациите кои во континуитет ги пласира ВМРО-ДПМНЕ

Син на екс-директор на БЈБ фатен со дрога во Скопје

Горан Наумовски

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со преставници на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА)

Жарко Настоски