Ѓорѓиевски нема да ја плати казната: Данела може утре да се разбуди во филм дека е Оливер Спасовски и да апси народ, таа не си ги знае ингеренциите

Од:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска немала ингеренции да испраќа инспекции во ЈП Дрисла и да ги казнува градоначалниците на општина Кисела Вода и на општина Сопиште со вкупно 140.000 евра и затоа казните се неосновани, тврди првиот човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Обидот да ми пише казна по џебот на граѓаните во оштината, покажа дека ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите и што е најстрашно ниту пак знае која е територијата која истата ја администрира.

Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Данела Арсовска, КХС и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа.

Почнавме самите да се справуваме со отпадот. Неколку камиони беа упатени кон Дрисла и за чие одлагање нема потреба од никакво договор кои тие го спомнуваат бидејќи има одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени дека можат да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати.

Еве фактури влезни до општина Кисела Вода, упатени од ЈП Дрисла со кантарски белешки на кои се гледа тежината на отпадот со кој е направен влез во депонијата. Што значи уште едно побивање на Данела Арсовска – рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ЈП Дрисла е лоцирана во дел на општина Студеничани и во дел од општина Сопиште, кои се надвор од границите на Град Скопје, смета тој и ја праша дали си ги знае своите ингеренции.

– Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатеешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира – додаде Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода