Ѓорѓиевски најави ревитализација на паркови, споменици и изградба на детски игралишта

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Зоран Ѓорѓиевски на денешната прес конференција во Соколана презентираше сет мерки опфатени во програмата со која, Коалцијата „За подобра Македонија“ настапува на овие локални избори.

– Ревитализација на постојните паркови, градскиот, Соколанскиот и изградба на нов парк во локалитетот Проевце, со што кумановци ќе дишат многу почист воздух, изјави Ѓорѓиевски.

Во програмата, додаде опфатена е и ревитализација на Спомен Костурницата и на спомениците во „Менкова колиба“, „Студена вода“ и на останатите споменици низ градот Куманово.

Во Куманово, најави Ѓорѓиевски, ќе бидат изградени 50 детски мини игралишта и во урбаните и руралните средини.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината