(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: На СДСМ им треба притисок кон ДИК и судиите од Управниот суд за да победат на локалните избори

Од:

СДСМ е во очај и знае дека ќе ги загуби изборите па затоа им треба притисок и кон членовите на ДИК и кон судиите од Управниот суд кои би одлучувале по жалбите, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски изјави дека СЈО и натаму е во служба на СДСМ, а не на Законот и правдата и дека народот ги гледа антидржавните политики на партијата и на Зоран Заев, па затоа тие заедно со СЈО се избезумени.

– Целиот период наназад СЈО конструираше неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев за што требаше да се покаже дека сите се исти во политиката. Тие го ослободија Заев и Верушевски од кривичен прогон од една страна, а од друга се обиде со монтираните случаи да го релативизира правното барање на поткуп од „едно евро за Вицето“. Затоа сега гонат судии за донесена пресуда и вршат притисоци за повлекување на судскиот имунитет. За жал на притисоците подлегна и Судскиот совет правејќи невиден правен преседан, вели Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела.

На прашањето што очекуваат од новиот в.д. јавен обвинител, Ѓеоргиевски не сакаше да одговори и кажа дека партијата ќе излезе јавно со официјален став.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ