Ѓорѓиев: Владата го доби и ќе го разгледа писмото од Аврамопулос

Од:

Владата го добила и ќе го разгледа писмото на шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос до неговиот македонски колега Никола Попоски, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„Можам да потврдам дека писмото од страна на грчкиот министер Аврамопулос е добиено од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тоа ќе биде разгледано со должно внимание и сериозност”, изјави Ѓорѓиев.

Писмото, како што објасни Ѓорѓиев, е добиено во средата во доцните вечерни часови, и поради тоа треба време да биде разгледано.

Инаку, писмото содржи предлог-меморандумот со генералните принципи за кои Македонија и Грција треба да се согласат во меѓусебните односи

Меѓу другото, Атина предлага Грција и Македонија да се согласат дека конечното решение на спорот со името ќе содржи одредница што јасно ќе ја одвои територијата на Република Македонија од регионот Македонија, особено делот од тој регион во северна Грција.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски