Ѓорѓиев: Се уште во тек утврдувањето на способноста на кандидатите за гасификацијата

Од:

Согласно законските прописи, постапката за утврдување на способноста на кандидатите кои испратиле пријава за учество во тендерот за гасификација на Скопскиот регион е се уште во тек, изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Според него, поради принципот на доверливост не може да се соопштуваат детали додека не заврши постапката.

– Согласно принципот на доверливост, додека таа постапка не заврши, ние не можеме да соопштиме детали од неа, рече Ѓорѓиев.

Дистрибутивната мрежа на природен гас во Скопскиот регион треба да се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, а се проценува дека ќе чини околу 100 милиони евра.

Концесијата ќе се додели за период од 20 години. Концесионерот во рок од четири години ќе треба да изгради 70 проценти од дистрибутивната мрежа во овој регион кој опфаќа 17 општини.

Анализите покажуваат дека гасификацијата претставува исплатлива инвестиција како за домаќинствата, така и за бизнис секторот. За една третина ќе се намалат трошоците, а инвестицијата се враќа за една до три години. За просечен стан од 80 метри квадратни, приклучокот кон оваа мрежа ќе чини околу 100 евра, а над оваа квадратура ќе се доплаќа по 1,25 евра за метар квадратен. Приклучокот за комерцијалните објекти ќе биде по 1,25 евра по метар квадратен. Скопскиот регион ќе биде првиот од планираните три региони во државата кои ќе се гасифицираат.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Гасификацијата на сите општини ќе чини околу 350 милиони евра

ВИДЕО: Гасифицирана болницата „Мајка Тереза“ во Чаир, прект вреден 17 милиони денари

Ана Ололовска

Нуредини: Изградени се 75 проценти од примарната гасификација во западот од државава, а 90-95 отсто во југот

Ана Ололовска

Моделот на јавно-приватно партнерство – опција за терцијална гасификација на Скопје

Владата одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето

Дебата за влијанието на проектот за гасификација врз животната средина

Ана Ололовска