Ѓорѓиев: Подвижни канцеларии за ефикасни услуги на земјоделците

Од:

„365 дена подвижна канцеларија за земјоделците“ е новиот проект на Владата што ќе стартува од крајот на овој или почетокот на идниот месец.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, проектот предвидува директна теренска посета и комуникација со земјоделците во местата каде што живеат со цел задоволување на нивните потреби и интереси. За тоа се веќе обезбедени осум специјални комби возила технички опремени, со потребни материјали.

Наместо во канцеларија, вработените од ресорното Министерство својата работа ќе ја извршуваат директно на терен, меѓу земјоделците. Тоа ќе значи брз и ефикасен сервис за нив, намалување на трошоците, заштеда на времето и ресурсите, како и унапредување на досегашната комуникација со Владата, рече Ѓорѓиев.

Комбињата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ќе посетуваат и ќе работат во најмалку едно населено маесто, но некогаш и во повеќе, како и подолг период од денот доколку има потреба. Заинтересираните граѓани и земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенции и за доделување државно земјоделско земјиште, да добиваат совети, да се информираат и да ги завршат обврските околу проектите и програмите за поддршака на земјоделството.

Во секоја подвижна канцеларија ќе работат по две до три лица од Министерството за земјоделство, а согласно спецификите на населеното место, вклучени ќе бидат и претставници од Платежната агенција, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Ова е реализирање на уште едно барање на земјоделците кое Владата го прифати и почна да го спроведува, истакна Ѓорѓиев.

Агендата за работата на подвижните канцеларии ќе се дефинира деновиве, а ќе биде објавена во текот на месецов.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар