Ѓорѓиев: Европска Унија „да“, но не како асимилирани Бугари

Од:

„На самиот почеток би сакал да се поклонам на вас, на сите вас што и вечерва во ваков импозантен број се собравте овде. Особено на оние кои што патуваат секој ден од другите градови, а се со една цел сплотена, заедно уште еднаш да им кажеме НЕ. Да им кажеме едно големо НЕ за Ултиматум со кој што треба сами да се укинеме како нација и да го поништиме постоењето на нашиот мајчин јазик и да го загубиме идентитетот под налетот на големо бугарските фашистички закани и уцени“, истакна Филип Ѓорѓиев на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Ѓорѓиев додаде дека треба Владата да го слушне народот кој е против Ултиматум. Ако треба македонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилираат македонските граѓани.

„Европска Унија ДА, но само ако влеземе како Македонци кои ќе се гордо исправени, а не како асимилирани Бугари или било што друго, не со свиткани кичми, обезличени, обележани како нација со цртички или граѓани на некоја туѓа држава. А, ние младите ќе им порачаме и на домашните предавници, злонамерници и трговци на нашите човекови права и слободи кои лесно виткаат кичма дека Македонија е на Македонците и на сите народи во неа кои ја сакаат и ја чувствуваат како своја земја“, потенцира Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев ги повика сите млади кои се уште се колебаат да го искажат својот револт, да се придружат на протестите затоа што Македонија се брани со акција и со дела, додавајќи дека младите имаат доволно причини да излезат што помасовно по улиците.

„Токму затоа, драги браќа и сестри не има се повеќе на улиците. Од тука вечерва би ги повикал и сите останати, а особено младите кои се уште се колебаат да излезат и да го искажат својот револт, бидејќи Македонија се сака и се брани со акција и со дела. А, зарем ние немаме доволно причини да бидеме сите на улиците? Нашиот народ има одлично памтење. Ни го земаа знамето, ни го земаа името, а сега сакаат и душата да ни ја земат“, рече Ѓорѓиев.

Но, додаде тој, овој пат младите нема да им го дозволат тоа, ќе одат до крај и назад нема затоа што оваа предавничка Влада нема дно кое што го нема пробиено и дека истата мора да разбере дека Македонија е народот и дека народот си ја сака државата назад.

Би можело да ве интересира

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец