Ѓорчев во Стејт департментот во Вашингтон

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средба со Метју Палмер, директорот на Канцеларијата за јужна и централна Европа на Стејт департментот, придружуван од Џошуа Луис и Елејн Хенсл од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот во Вашинвтон.

На средбата пратеникот Ѓорчев го истакна значењето на стратешкото пријателство на Македонија со Соединетите Американски Држави, како и долгогодишната соработка меѓу двете земји во одбраната и во делот на меѓународните мисии во кои учествувше АРМ. Исто така, стана збор за евро-атлантската интеграција на Македонија, односно членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Ѓорчев го информираше соговорникот од Стејт департментот за последните случувања поврзани со бројните притвори, затворања и упади во домови на пратеници од Собранието на Република Македонија, познати актери, музичари, административни работници и други службеници, кои се актуелни во Македонија.

Исто така, Ѓорчев се осврна на бројните нерегуларности за време на последните локални избори, како и неколку случаи на изборно насилство кои не беа санкцинирани од страна на актуелната власт.

Во наредниот период ќе продолжат контактите, соработката и комуникацијата со Стејт департментот во насока на одржување и продлабочување на стратешкото сојузништво меѓу САД и Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност