Ѓорчев: Владата на Заев не излезе со анализа за амнестија

Од:

„Оваа прес конференција е во врска со понудениот закон за амнестија од страна на владата на СДС и Зоран Заев. Има повеќе работи кои што треба да се кажат.

Прво почитувани присутни владата на Зоран Заев апсолутно не излезе со никаква анализа што ќе значи амнестијата која што тие ја предлагаат и дали тоа и како ќе се одрази на безбедноста во населбите, улиците, градовите и општините во Република Македонија.

Имаме ситуација во која што немаме податок колку лица кој што се обвинети и осудени за дилање односно дистрибуирање на дрога ќе бидат пуштени. Нема податок колку лица ќе бидат ослободени кои што се осудени за тешки кражби и нанесување на тешки телесни повреди.

Јас ќе ви прочитам неколку од делата кои што се опфатени со оваа амнестија која што ни ја предлага владата. Значи почитувани присутни ова се делата за кои што предвидува амнестија владата на Зоран Заев и СДС. Амнестија ќе биде дадена за: убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност, убиство на миг.

Понатаму, тешка телесна повреда, телесна повреда, учество во тепачка. Понатаму, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, излагање на опасност.

Понатаму, Член 142, мачење и друго сурово нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Понатаму, загрозување на сигурност, нарушување на неповредливост на домот, присилба.

Според членот 139, понатаму ќе се даде исто така и амнестија за кривични дела против половата слобода и морал, конкретно ќе се даде амнестија за сите дела кои што се покриени со членот 192, а тоа е подведување и овозможување на полови дејства, односно се амнестираат лица кои што подведувале други лица за проституција.

Се амнестираат дела кои што се кривични дела против бракот, семејството и младината. Значи цела низа на дела кои што се поврзани со бракот, семејството и младината. Се амнестираат кривични дела против здравјето на луѓето, помеѓу другото исто така производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување, според член 213 производство и пуштање на штетни прехранбени и други продукти.

Понатаму член 215, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и така натаму и така натаму.

Има голем број на дела ќе ви биде доделен и материјалот,но ако оваа прес конференција треба да ја сумирам во триесетина секунди, тоа е следново:

Владата на СДС и Зоран Заев, воопшто не води со законот за амнестија грижа за јавната безбедност во Република Македонија.

Владата на Заев и на СДС, треба да каже колку дилери на дрога ќе се ослободат и што тоа ќе значи за населбите во Македонија, колку лица кои што учествувале во тепачка и направиле тешки телесни повреди и колку лица ќе бидат ослободени кои што имаат повеќекратно направено разбојништва, кражби на станови на куќи, на автомобили.

На тој начин јавната безбедност на граѓаните на Република Македонија сериозно се доведува во опасност“, изјави Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго