Градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев рече дека не знел дека во општината е поставен споменик од Тодор Александров. Според него макетите што ги виделе немале лик, а на авторот на скулптурата му дале можност самиот да одлучи на кого ќе личи „Војводата на коњ“.
Сепак признава дека фотографија на Аленсандров имал во неговиот кабиенет и е голем почитувач на ликот и делото на Тодор Александров. Марјан Ѓорчев рече дека ќе се кандидира и по втор пат за градоначалник на Кисела Вода.